Македонија ја има петтата најлоша репрезентација во квалификациите за ЕП 2025!

Македонската кошаркарска селекција претрпе два убедливи порази од Литванија во ноемврискиот циклус од квалификациите за ЕП 2025, поради што драстично падна на ранкинг листата на ФИБА на учесниците во оваа фаза од патот кон следниот континентален собир.

Жолто-црвените сега се на дури 28. позиција, што значи дека се четврта најлоша репрезентација од сите што учествуваат во квалификациите, со пад од дури пет места. Избраниците на селекторот Александар Јончевски имаат скор 1-3 во пресрет на февруарскиот дел во кој ќе играме против Естонија на гости и против Полска дома, но и понатаму имаат шанса да се најдат на ЕП. За тоа им се потребни победи на овие две средби, но истовремени пораз на Естонците на гостувањето кај Литванија.

Полошо од Македонија се само репрезентациите на Украина, Унгарија, Словачка и Кипар, сите без ниту една победа досега. Најдобра на оваа листа, засега, е Србија, додека следуваат Франција, Летонија и Грција.