Лазаров избран во идеалниот тим на колото во Франција (ФОТО)

Македонскиот ракометар и селектор Кире Лазаров беше избран во идеалниот тим на колото во француската лига, откако постигна девет гола од белата точка против Ним (34-26).

Лазаров одигра уште еден одличен натпревар и заслужено го доби признанието, а во тимот на колото беа избрани уште и Портнер, Шам, Илиќ, Тисо, Пранди и Рижо.