Кристијанштад ја доби битката со Ѓер и остана во игра за – европски хет-трик!

Ракометарките на Кристијанштад се првите финалистки на завршниот турнир од Лигата на шампионите (ЛШ) во женска конкуренција, кој традиционално се игра во Будимпешта, откако во воведното полуфинале, по голема борба, го совладаа Ѓер (37-35).

Норвежанките триумфот го обезбедија уште во првиот дел кога Норвежанките, кога стигнаа до предност од пет гола разлика, која ја одржуваа во продолжението, а во еден момент ја зголемија и дури на плус седум. Унгарките тогаш како да се разбудија, заиграа подобро, па во еден момент намалија и на само еден негатива, но тоа беше се што сторија. Робертс со осум голови беше најефикасна кај победничкиот тим, додека Офтедал постигна 11 голови за екипата на Ѓер.

Кристијанштад за третата европска титула во низа ќе се бори во утрешното финале против Ференцварош, кој во драматичен и неизвесен меч ја доби втората полуфинална битка против Есбјерг (30-29).