Кошмар за Горење: Лазаров со четири гола го „потопи“ словенечкиот ривал

Нант го запиша вториот триумф во групата Ц во ЕХФ-купот, откако денеска беше подобар од нивниот ривал Горење со 35-28.

Француската екипа поведе уште на самиот старт, а по неколку минути изгради предност од 12-5, по што го одржуваше високо темпо на игра и на полувреме замина со 19-12.

Горење се разбуди од кошмарот во вторите 30 минути, па успеа да се врати во игра кога намали на 19-21. Сепак, Нант не дозволи никаква сензација и триумфираше со 35-28.

Нант е прв на табелата во група Ц со четири бода, колку и Магдебург, но имаат поодбра гол-разлика. Додека Адемар Леон и Горење немаат освоено ниту еден бод.

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров постигна четири голови од пет удари кон противничкиот гол.