Кјелце се спаси и себеси, но и Вардар/Барса - го повреди Штербик!

Веспрем изедначен меч против Кјелце во првото полуфинале од Ф4-турнирот во Келн. Унгарскиот тим имаше предност од четири гола во првото полувреме, но работите тргнаа надолу откако Штербик се повреди.

Беше 8-5 за Веспрем во првиот дел, кога Кјелце врза една серија голови. Во 21. минута Мамиќ се втрча во контра и погоди, арно ама сосе голот го погоди и Штербик и тоа незгодно. Ветеранот меѓу стативите на Веспрем не го поднесе најдобро ударот и мораше да излезе од игра.

На негово место влезе Роланд Миклер, а тој остана во друштво на медицинската екипа на Веспрем до крајот на натпреварот. Ако некому треба демонстрација колку е важен тој, тогаш нека го види податокот дека Штербик имаше девет одбрани додека го повредат, т.е. за првите 20 минути.

Со ова Кјелце си помогна себеси, а и на екипата којашто ќе игра против Веспрем утре, Вардар или Барселона, без разлика дали во финалето или во дуелот за трето место.