Кјелце го здроби Монпелје и ќе игра на завршниот турнир во Келн

Кјелце славеше по вторпат против Монпелје, и тоа овој пат со убедливи 30-22, па така обезбеди место на Ф4-турнирот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Полскиот тим ги реши дилемите за победникот уште во првото полувреме, кое го доби со убеливи 15-8, па во вториот дел со рутинска игра стигна и до +10 (23-13), но сепак француската екипа до крајот намали на 22-30.

Најдобар во редовите на Кјелце беше Каралек со седум голови, додека на спротивната страна Бос постигна исто толку.