И тоа го има на ЕП: Австриски ракометар доби нокаут од судијата (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Австрија и Србија донесе голема резултатска драма, но и еден момент кој ретко се гледа на европските првенства.

Додека им даваше инструкции на Австријците при еден пасивен напад, едниот од шведските судии не забележа дека му се приближил ракометар, па несакајќи го удри со лакт во лице.

За среќа, не дојде до повреда, па Ниг без проблеми го продолжи мечот по кој Австрија славеше со 26-25 и го освои третото место во својата група.