Циркус во Мелбурн: Италијанец победи, па го „протера“ и веднаш мораше во тоалет (ВИДЕО)
Италијанецот победи со 7-6 (7-5), 7-5, 7-6 (7-3), но немаше време за славење по последниот поен. Барем не во првиот момент, бидејќи мораше да оди во тоалет. Непосредно по завршувањето, Дардери премина на другата страна за да го испочитува Гарин, брзо ја поздрави публиката и истрча во тунелот без да ги собере своите работи:
Тој се мачеше со стомакот и за време на натпреварот, но успеа некако да издржии и да дојде до победата. Ова е прва победа на Дардери во Мелбурн, а во второто коло ќе се соочи со Себастијан Баез, кој го нокаутираше Џовани Мпечи Перикардо.