Компани создаде машинерија: Никој друг како Баерн оваа сезона

За време на викендот, Бaерн убедливо го совлада Лајпциг, иако на полувремето имаа негатива од 1-0, избраницитена Компани во второто полувреме постигнаа дури пет голови за конечни 5-1.

Со оваа победа, германскиот гигант ја продолжи својата фантастичн сезона.

Лидерот во Бундеслигата на 18 одиграни натпревари сезонава постигна неверојатни 71 гол, додека прими само 14, бројки кои јасно ја отсликуваат доминацијата на Баерн на домашната сцена.

Со вакво темпо, Баерн би можел да ја обезбеди титулата во Бундеслигата уште во март, со оглед на тоа што има 11 бодови предност во однос на Борусија Дортмунд. Баварците газат и во Лигата на шампионите, каде што освоија 15 од можните 18 бодови.

Интересно, единствениот тим што успеа да го совлада Баерн оваа сезона е Арсенал, кој во четвртото коло од Лигата на шампионите славеше со 3-1 на „Емирати“.

Ако се земат предвид само најсилните првенства, Баерн е единствениот непоразен тим, па не е исклучено германскиот шампион да стигне до титулата во Бундеслигата без ниту еден пораз. Конкуренцијата во Германија засега нема одговор, а откако ќе ја обезбедат титулата, Баварците ќе можат целосно да се фокусираат на завршницата во Лигата на шампионите.