Германија ја совлада Шпанија и ја елиминира Србија од ЕП

Ракометарите на Германија триумфираа против Шпанија со 34-32 и обезбедија пласман во втората фаза на Европското првенство (ЕП), а тоа значеше и елиминација на Србија од турнирот.

Шпанија по почетното водство (2-1) влезе во лоша серија, а тоа го искористи Германија за да поведе и со плус четири (14-10), додека на полувремето замина со водство од 17-15.

Германија успешно го одржуваше водството во вториот дел, иако Шпанија се обидуваше да ја анулира негативата, а во еден момент стигна до 24-25. Сепак, Германците на крајот се радуваа со 34-32.

На останатите натпревари кои се играа од 20.30 часот, Шведска славеше против Грузија со 38-29, додека Франција ја совлада Норвешка со 38-34.

Фото: ehfeuro