Шокантен пораз на Лацио: Комо лесно го освои Рим

Фудбалерите на Комо триумфираа со 3-0 против Лацио во 21. коло од италијанската Серија А.

Мартин Батурина го постигна првиот гол за Комо во втората минута од средбата, додека во продолжение Нико Паз стрелаше за 2-0.

Паз доби шанса и за трет гол, но не го искористи пеналот во 35. минута. Сепак, младиот фудбалер успеа да погоди во 49. минута за водство од 3-0.

Комо се наоѓа на шестата позиција со 37 бодови, додека Лацио остана на деветто место со 28 поени.