Хрватска пак ја реши Словачка: Два гола за Гаџа, еден за Чупиќ!

Хрватска ја запиша и втората победа против Словачка во само два дена, и тоа овој пат со 26-23, а голови во победата постигнаа и ракометарите на Вардар, Анте Гаџа и Иван Чупиќ.

„Коцкестите“ го диктираа темпото во натпреварот и ја одржуваа предноста од два гола (8-5) до завршницата од првото полувреме, кога Словачка заигра поквалитетно и направи пресврт (13-12).

Словачка во вториот дел тргна сигурно во нападот и ги реализираше своите шанси, па набрзо поведе и со три гола (20-17), но Хрватите се разбудија во финишот и со серија од 5-0 направија голем пресврт 26-22, по што гостите погодија за да го ублажат поразот (23-26).

Домагој Павловиќ постигна пет гола за Хрватска, додека ракометарите на „црвено-црните“, Гаџа постигна два, додека Чупиќ даде еден.