Хрватот во елемент: Червар во нервоза го удри поранешниот бомбардер на Металург (ВИДЕО)

Хрватската ракометна репрезентација со убедлив триумф против Бахреин (28-18) го почна настапот во вториот круг од Светското првенство (СП) во Египет, меч во кој селекторот Лино Червар имаше нервозни моменти и покрај убедливото водство на неговите избраници.

„Жртва“ на тој излив на нервоза на предводникот на „коцкестите“ беше поранешниот бомбардер на Металург, Халил Јагањац, кој по една грешка беше „награден“ со удар по грбот, нешто што не му падна баш најпријатно.