
Хрватите најдобри кога им беше најпотребно – ја прегазија Германија во Париз!
„Коцкестите“ не блескаа на првите две средби на турнирот, во кое среќно ја добија Јапонија (30-29) и загубија од Словенија (29-31), но денеска одиграа најдобро што знаат. Тие водеа речиси во текот на сите 60 минути, а во второто полувреме имаа максимални плус шест (26-20) како доказ на доминацијата. Германците водеа само еднаш (5-4), а резултатот само во три наврати беше изедначен. Мартиновиќ со девет гола беше најпрецизен кај „коцкестите“, Шоштариќ, Дувњак и Цидриќ реализираа по пет погодоци, додека Гола со осум прецизни удари беше најефикасен во поразениот тим.
Хрватска и Германија сега имаат по две победи од три меча во групата А, додека Шведска, Шпанија и Словенија имаат по една победа и пораз, но и меч помалку. Последна е Јапонија со два порази.