ГОГ немоќен во Париз: Шеста победа по ред за ПСЖ во ЛШ

Францускиот гигант ПСЖ ја запиша шестата победа по ред во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва славеше против данскиот гигант ГОГ со 41-36.

ГОГ имаше амбициозен почеток на натпреварот и водство од 4-1, кое не го препушташе на домаќинот до средината од полувремето кога ПСЖ за вторпат на средбата поведе (10-9), по што до паузата следеше израмнета игра (16-16).

Гостите од Данска не можеа да го одржат темпото со францускиот тим, кој набрзо стигна до 24-20, а набрзо нивната предност се зголеми и на пет гола разлика (27-22), по што ГОГ мораше да го прифати третиот пораз оваа сезона во ЛШ.

Криштопанс и Стеинс постигнаа по седум голови за ПСЖ, додека Јоргенсен на спротивната страна експлодираше со девет погодоци.