Гарабаја: Три фактори клучни за убедливиот пораз на Пелистер

Македонскиот првак Пелистер доживеа дебакл на гостувањето кај Пик Сегед во осмото коло од Лигата на шампионите откако загуби со 15 разлика.

Мечот беше сосема спротивен од минатонеделниот против истиот ривал во Битола на кој Пелистер славеше и ја оствари втората победа сезонава. Тренерот Рубен Гарабаја ги лоцираше проблемите со кои се соочи неговиот тим на денешниот натпревар.

„Минатата недела нашите голмани имаа дури 50% успешност во одбраните, а такво нешто не успеавме да повториме. Нашата одбрана беше послаба. Не браневме еден на еден ситуации, исто така бевме и слаби во два на два. Не успеавме да го неутрализираме и Лазар Кукиќ и тие се клучните фактори кои влијаеја на нашиот убедлив пораз денеска“, рече Гарабаја.

Идната недела Пелистер ќе има уште потешка задача бидејќи во Битола гостува актуелниот европски шампион Магдебург.