Драма во Истанбул: Анадолу Ефес во последна секунда ја расплака Барселона (ВИДЕО)

Кошаркарите на Анадолу Ефес ја изненадија Барселона на домашен терен со 74-73 во 12. коло од Евролигата.

Екипата на Игор Кокошков водеше голема борба против Барселона во првата четвртина, но шпанскиот тим додаде гас во вторите 10 минути и на паузата замина со 46-35.

Анадолу Ефес, сепак, третата четвртина ја доби со 23-9 по што најави голема драма во завршницата од натпреварот, каде што победникот беше решен во последната секунда, и тоа од линијата за слободни фрлања.

Најефикасен кај Ефес беше Кординие со 14 поени, додека Весели запиша 16 поени за Барселона.

Фото: Facebook/Anadolu Efes Spor Kulübü