Реал го преживеа фантастичниот Франсиско и им се врати на победите
Љубителите на кошарката имаа можност да видат фантастичен натпревар, неизвесен буквално до последниот шут, а особено интересна беше последната четвртина која Реал ја доби со 38-37. Токму тој еден поен на крајот пресуди во корист на домашниот тим кому сезонава не му цветаат розите во Евролигата.
Малку недостасуваше кобен за Реал да биде францускиот интернационалец Силвен Франсиско кој одигра извонреден натпревар, постигнувајќи 33 поени и 11 скока за индекс 37 за само 26 минути во игра. Колку беше добар вечерва, најдобро зборува тоа што при излегувањето од теренот во финишот поради пет лични грешки доби громогласен аплауз од домашната публика.
Добро му парираше Тео Маледон кој постигна 25 поени и индекс 34, но и Кампацо и Лајлс кои отидоа над 20 поени. Реал со ова ја прекина мини-серијата од два пораза во Евролигата, а Жалгирис го доживеа третиот неуспех во низа поради што почна да го губи чекорот со Хапоел и Црвена Звезда.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес - Барселона 74-73
Панатинаикос - Дубаи 103-82
Олимпија Милано - Хапоел 83-105
Реал - Жалгирис 100-99