Пак проблеми во Барселона - сега Рашфорд е во центарот на вниманието
Единствениот отсутен беше Маркус Рашфорд, кој не тренираше со првиот тим и покрај тоа што уште во средата пристигна во клупската база. Клубот соопшти дека причината за неговото отсуство е лична, но каталонските медиуми тврдат дека тој има ситна повреда која го става под прашалник неговиот настап во саботното дерби.
Педри продолжува да тренира индивидуално, додека Ламин Јамал е сè уште под посебен мониторинг додека се опоравува. Роналд Араухо, кој ги одигра сите 90 минути во поразот на Уругвај од САД, исто така не излезе на теренот. Рафиња тренираше по трет пат по ред со тимот и се очекува да биде вклучен во составот за натпреварот.
Во текот на утрешниот ден ќе се знае кој од фудбалерите ќе биде на располагање за мечот со Атлетик. Засега е јасно само дека Френки де Јонг нема да игра поради црвен картон од дуелот со Селта.