Европа се прашува: Може ли Вардар да го скрши проклетството? (ВИДЕО)

На неколку дена до последната битка за превласт во ракометна Европа, ЕХФ-ТВ во кратко видео го раскажа накусо патот на Вардар до фајналфор-турнирот во Келн.

Откако станаа европски прваци, малкумина веруваа дека Вардар може да го задржи нивото од тој 4 јуни во Келн, но Раул Гонзалес ги демантираше. Вардар почна најубедливо што може во новата сезона, со три победи по ред, па реми кај Пик Сегед, а потоа уште четири нови врзани победи.

Доминацијата ја комплетира пролетва, освојувајќи го првото место во групата А и покрај тоа што првпат почувствува како е да се загуби, прво од Барселона, потоа и од Нант. Преку драмата со Кил, еве ги сега црвено-црните на Ф4-турнирот во Келн, како прв шампион кој се вратил на истава сцена, по Кил во 2013. Нараторот на видеото завршува со прашањето: Може ли Вардар да го скрши проклетството и да стане првиот тим кој освоил две шампионски титули едноподруго?

Ф4-турнирот се игра викендов во Келн, а полуфиналните дуели се ПСЖ - Нант и Вардар - Монпелје.