И Синер се повлече од турнирот во Рим!

По Алкараз, да се повлече од Рим реши и Јаник Синер, тој има повреда и сака да ја санира навреме за да биде фит за Ролан Гарос.

Вториот светски рекет во моментов, Јаник Синер поради повреда на колкот го предаде мечот во Мадрид против Феликс Оже Алиасим.

Денеска Синер потврди дека поради таа повреда ќе го прескокне турнирот во Рим.

Претходно, Карлос Алкараз објави дека се повлекува од турнирот во Рим поради повреда на раката.