
Њујорк пропушти меч-топка, Индијана избори „мајсторка“ (ВИДЕО)
Неизвесно беше сè до крајот на првото полувреме, кога ниту еден тим не успеа да создаде поголема предност, но Индијана прва ја искористи кризата во гостинскиот состав.
Индијана имаше подобар процент за шут за два поени, односно 61 отсто, но и речиси двојно повеќе асистенции (35), како и голем број на скокови (47).
Паскал Сиакам беше најефикасен кај Индијана со 25 поени, седум скокови и пет асистенции, додека Џејлен Брансон запиша 31 поен за Њујорк.