Гол и две асистенции за Ројс на меч со многу емоции за него! (ВИДЕО)
Големи беа емоциите за Ројс на овој меч. Тој го почна своето испраќање со навивачите, денеска го одигра целиот натпревар и тоа на највисоко ниво.
Ројс имаше две асистенции и еден постигнат гол во убедливата победа на Борусија Дортмунд од 5-1.
Моукоко даде два гола, по еднаш погодија Малени Нмеша.
Штутгарт со 3-1 го победи Баерн Минхен во денешното дерби. Хари Кејн од пенал беше стрелец за Баварците.
Во другите мечеви Вердер и Менхенгладбах одиграа 2-2, Волфсбург со убедливи 3-0 го совлада Дармштад.