Шкупи ја пречекува Шкендија во дерби кое може да го реши шампионот!

Денеска на програмата се сите натпревари од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), најголемото внимание е насочено кон Чаир каде Шкупи ја пречекува Шкендија.

На три кола до крајот Шкендија, Струга и Шкупи водат мртва трка за шампионската титула, сите три екипи имаат по идентични 58 бода. Секој меѓусебен дуел може да биде клучен за титулата, а таков денеска се игра на Чаир.

Шкендија во изминатите кола ја искористи променливата форма на Шкупи и Струга и успеа да ги стигне, но вистинскиот тест е денеска против директен конкурент за титулата.

Шкупи на последните три меча има само една победа, во минатото коло загубија на гостувањето кај Гоствар, па денеска не смеат да си дозволат нов пораз.

Во изминатите два меѓусебни дуели оваа сезона, Шкупи победи на Чаир со 1-0, а на мечот во Тетово немаше голови.

Актуелниот шампион Струга со новиот тренер Меритон Гега го пречекува Гостивар. Стружани се решија да го сменат Дуро на три кола до крајот, а дали тоа ќе има ефект, треба да се види уште денеска.

Возбудливо е и на другиот дел од табелата каде што се води голема борба за опстанок. Денеска директен дуел има во Маџари каде Вардар ја пречекува Македонија Ѓорче Петров.

Брегалница гостува на Брера и доколку загуби може да се збогува со надежта за опстанок. 

Воска игра на домашен терен против Силекс, а Работнички има дуел со незгодниот тим на Тиквеш.

Сите натпревари почнуваат од 17 часот.

31. коло:
Брера - Брегалница
Работнички - Тиквеш
Шкупи - Шкендија
Струга - Гостивар
Вардар - Македонија ЃП
Воска - Силекс

Табела: Шкендија 58, Струга 58, Шкупи 58, Тиквеш 42, Силекс 41, Гостивар 40, Работнички 38, Брера 37, Воска 37, Вардар 32, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.