Ипсвич по 22 години се врати во Премиерлигата! (ВИДЕО)

Ипсвич со победа на Хадерсфилд од 2-0 го завери пласманот во Премиерлигата каде се враќа по повеќе од две децении.

Со голови на Барнс во првото и Хачисон во второто полувреме Ипсвич дојде до триумф за заверка на место во елитната англиска лига.

Претходно тоа го направи Лестер кој ја заврши сезоната како победник во Чемпионшип.

За третото место кое носи во Премиерлигата преку плејофот ќе се борат Лидс, Саутемптон, ВБА и Норич.

Легендарниот Бирмингем испадна и од Чемпионшип, денешната победа над Норич им беше пирова бидејќи и конкурентот Плимоут дојде до триумф.

Покрај Бирмингем, од лигата испаѓаат и Хадерсфилд и Ротерам.