Миовски со нов гол му донесе победа на Абердин! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски со гол од пенал во 68. минута му донесе победа на Абердин од 1-0 над Сент Џонсон.

За Миовски ова беше 15. гол оваа сезона во шкотската Премиерлига.

Тоа беше единствениот погодок на мечот со кој Абердин на домашен терен го совлада Сент Џонсон со 1-0. Покрај погодокот Македонецот имаше уште неколку убави шанси за гол, но не успеа да погоди по вторпат.