Драматично во Хрватска: Тинејџер доби колено во глава и лежеше неподвижен на тревата!

Фудбалерот на хрватскиот прволигаш Горица, Ѓуро Ѓулио Ѓекиќ (18 години), засекогаш ќе го памети денешното гостување на неговиот тим кај Славен Белупо, откако извесен период лежеше неподвижен на теренот.

Причина за тоа е фактот што на него налета неговиот голман, Иван Баниќ, кој тргна по топка надвор од шеснаесетникот и притоа со колено во глава го удри несреќниот дефанзивецТоа беше знак Ббрзата помош веднаш да влезе во теренот, каде што неколку минути му укажуваа лекарска помош, по што Ѓекиќ на носилки го напушти теренот со аплауз на публиката од Копривница, која како и сите на теренот, беше во шок.

Фудбалерот на Горица веднаш бил пренесен во болница, а засега нема детали околу неговата состојба.