Екс-вардарецот Канељас оди во пензија!
Канељас го почна походот кон врвот со екипата на Гранољерс каде што играше во сезоната 2004/05, по што се пресели во Барселона, а во кариерата го носеше дресот и на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург, Кил, Пик Сегед и Вардар од 2016 до 2018 година, додека последен клуб на шпанскиот ракометар во кариерата му е Кадетен.
Шпанецот во кариерата освои голем број клупски трофеи, а се закити и со златниот медал на Светското првенство (СП) во 2013 година, а беше првак и на Европските првенства во 2018 и 2020 година.