ЕХФ потврди: Пелистер ќе бие битка со 11 конкуренти за седум вајлд-карти во ЛШ!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека македонскиот шампион Пелистер ќе води битка со 11 конкуренти за седум вајлд-карти за Лигата на шампиони (ЛШ).

Пелистер минатата сезона беше ужасен во елитното ракометно натпреварување кое го заврши со 14 порази и ниту еден триумф, а тоа воопшто не им оди во прилог за доделувањето на вајлд-карта.

ЕХФ ќе има состанок на 19 јуни, кога ќе бидат разгледани барањата, а конечната одлука за учесниците во ЛШ ќе биде соопштена на 21 јуни.

Екипи кои ќе се борат за вајлд-карта за место во ЛШ се Загреб, Фредериција, Бидасоа, Нант, Пик Сегед, Елверум, Кјелце, Порто, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен и Татран Прешов.