ЕХФ ја одби жалбата на Пелистер од дуелот против Пик Сегед

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека жалбата на македонскиот првак Пелистер по натпреварот против Пик Сегед е одбиена како неоснована.

Тимот од Битола се жалеше на арбитражата на судиите од Франција, Карим и Рауф Гасми затоа што не добил соодветен третман во мечот, но ЕХФ објави дека конечните одлуки на судиите не биле подложни на приговор.

„Жалбата беше поднесена за неколку одлуки на судиите. По разгледување на контроверзните судии, потврдени беа опсервациите на судиите во текот на мечот. Според правилата, финалните одлуки на судиите не се подложни на жалби. Поради тоа жалбата се отфрла бидејќи нема основа“, се вели во соопштението на ЕХФ.

Пелистер може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ.