Два гола за Лазаров во триумфот на Нант против Трембле

Македонскиот селектор и ракометар Кире Лазаров ги искористи одлично минутите поминати на теренот и му помогна на Нант да слави убедливо со 35-22 против Трембле во француската лига.

Прашањето за победникот во натпреварот беше решено уште во првиот дел, кој го доби Нант со 19-12, а во продолжение од средбата го зголемуваше водството до конечни 35-22.

Лазаров постигна два гола од два удари кон противничкиот гол, додека најдобар беше Валеро Ривера со осум погодоци.

Нант со денешниот триумф стигна до 35 бодови и ја продолжи трката со Монпелје за втората позиција во шампионатот.