Дувњак оди во репрезентативна пензија по Светското првенство

По разочарувачкиот настап на Олимписките игри, хрватската ракометна репрезентација во јануари ќе се обиде да го поправи впечатокот на Светското првенство чиј ко-домаќин е заедно со Норвешка и Данска.

Тоа ќе биде последно учество во националниот тим за легендата на хрватскиот ракомет Домагој Дувњак кој репрезентативната пензија ја најави за еден локален весник од Кил.

„Веќе разговарав со селекторот Сигурдсон. Тука сум за Хрватска да одиграм уште еднаш, последен пат“, изјави Дувњак.

Тој има 36 години, за репрезентацијата игра од 2007 година и освои осум медали на големите натпреварувања.