Доцни стартот на мечот меѓу Кристијанштад и Вардар - се расипа семафорот!
Домаќинот на натпреварот се соочи со технички потешкотии, односно се расипа семафорот, по што организаторите бараа начин како да го решат проблемот.
Мечот меѓу Кристијанштад и Вардар доцни десетина минути, а доколку не се реши проблемот со семафорот, тогаш рачно ќе се брои резултатот.
