Гоце од Македонија се облече како шеик, отиде во Дубаи и навиваше за Ц.Звезда! (ВИДЕО)
Македонецот Гоце го изненади и новинарот со неговото патешествие до Дубаи, особено внимание привлече со неговиот интересен аутфит во кој го проследи натпреварот.
Гоце се облече како шеик со што ептен го привлече вниманието, а згора на тоа се пофали дека „униформата“ со амблемите на Црвена Звезда се креација на неговата ќерка.
Сепак, Гоце и неговиот оптимизам не им донесе среќа на „црвено-белите“ бидејќи Звезда во Дубаи го доживеа првиот пораз по седум победи во низа.