Словенците пак го селат нивниот голман во Вардар!
Репрезентативниот чувар на мрежата првпат беше спомнат во контекст на Вардар пред почетокот на репрезентативната пауза, кон крајот на октомври, но се чекаше расплетот во неговиот клуб Кјелце, како и со Фуксе, со кого исто така се поврзуваше Ферлин. Клубот од Берлин не достави понуда, па на 36-годишниот голман како единствена опција му остана Вардар.
Интересно е тоа што Вардар во моментов има дури четворица голмани: Еспиња, Валах, Гогов и Богдановски и сите се во извонредна форма, поради што изненадувачки делува информацијата дека лидерот во Суперлигата сака дополнително да ја засили оваа позиција.