Дубаи ја прекина победничката серија на Ц. Звезда во Евролигата
Двете екипи понудија возбудлив почеток на натпреварот, а по првите 10 минути Дубаи водеше со 29-21. Ц. Звезда до полувреме успеа да ја намали негативата зад ривалот и да замине на паузата со 47-51.
Дубаи додаде гас на стартот на третата четвртина и набрзо поведе со 60-49, но „црвено-белите“ не се предаваа, па стигнаа на само два поени негатива (63-65).
Решавачка беше последната четвртина, каде што Дубаи ја контролираше играта, додека Ц. Звезда влезе во серија грешки во нападот и му дозволи на ривалот да триумфира со убедливи 102-86.
Кенан Камењаш беше најефикасен кај Дубаи со 20 поени, девет скокови и една асистенција, додека Ебука Изунду запиша 16 поени, четири скока и една асистенција.
Фото: КК Дубаи