Навивачи на Силекс добија пријави - извикувале навредливи пораки на мечот со Шкупи!
Навивачите за време на дуелот меѓу Силекс и Шкупи во Кратово се однесувале недолично и извикувале пораки со навредлива содржина, поради што МВР им поднесе пријави.
„На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари. Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.