Човекот што го трејдуваше Дончиќ во Лејкерс доби отказ

Девет месеци  откако го шокираше цел свет со одлуката да го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, генералниот менаџер на Далас Маверикс, Нико Херисон доби отказ на својата функција.

Освен шокантниот трејд на Дончиќ, за отказот на најомразениот член на франшизата кај навивачите, улога имаше и тоа што Мавс ужасно ја почнаа новата сезона и во моментов се втор најслаб тим во Западната конференција. 

„Оваа одлука ја одразува нашата посветеност на градење тим кој ќе се натпреварува за шампионската титула, кој ќе донесе резултати и за нашите играчи и партнери, а најважно од се, за нашите навивачи“, објави сопственикот на Мавс, Патрик Думонт во писмо во кое нагласи дека последните неколку месеци биле исклучително тешки.

Пред само 17 месеци, Далас, предводен од Лука Дончиќ, стигна до големото финале од плејофот во 2024 година, во кое загуби од Бостон Селтикс. Тоа лето, Џејлен Брансон го напушти клубот како слободен агент и потпиша со Њујорк Никс, а половина година подоцна, кошаркарскиот свет беше шокиран од веста за размената Маверикс-Лејкерс во која Лука Дончиќ беше испратен во Лејкерс во замена за Ентони Дејвис. Веднаш по таа одлука, Харисон стана омразен меѓу навивачите на Далас, неговите бледи оправдувања за гореспоменатата размена дека Дончиќ не бил целосно физички подготвен и се сомневаше во неговата посветеност на тимот не наидоа на разбирање кај фановите..

Без Словенецот, тимот имаше биланс 13/20 и не успеа да се пласира во плејофот, а новата сезона ја почна со 3/8, иако на драфтот, со многу среќа, го доби првиот пик и го избра исклучително талентираниот Купер Флег. По пласманот во финалето во 2024 година, Херисон потпиша повеќегодишен договор со Далас, но дури ни тоа не го спаси од отпуштање по скандалозната одлука за размена на Дончиќ. Поранешниот играч на Далас, Мајкл Финли, и поранешниот помошник генерален менаџер Мет Рикарди привремени ќе работат како генерални менаџери.