ЦСКА нема конкуренција: Ристовска даде три гола за 16-та победа сезонава!

Рускиот гигант ЦСКА Москва ја запиша 16-та победа во Суперлигата, откако вечерва беше подобар од Универзитет Ижевск со убедливи 38-23.

Екипата уште еднаш покажа дека нема конкуренција во рускиот шампионат, а македонската ракометарка Сара Ристовска постигна три гола во победата.

ЦСКА има 32 бода по 16 одиграни меач и се наоѓа на првата позиција, по што следи Ростов Дон со 26 бодови.