Чупиќ: Останувам во Вардар, каде би одел? Во Скопје се најдобрите навивачи на светот!

Покрај сите финансиски проблеми, Иван Чупиќ не размислува за заминување од таборот на Вардар. Понесен од еуфоријата по втората европска титула за „црвено-црните“, хрватското крило најави дека ќе остане во Скопје. 

Тој беше дел од генерацијата и од пред две години, а во 2016 година го освои пехарот и со Виве Кјелце. 

„Една убава приказна завршува на најдобар можен начин. Останувам во Вардар, каде би одел? Скопје е преубав град, тука се најдобрите навивачи на светот. Семејството ми е задоволно и среќно“, изјави Чупиќ.