Чупиќ и Дибиров го решија Пик Сегед: Загреб остана во игра за осминафинале во ЛШ

Хрватскиот ракометен гигант Загреб славеше на домашен терен со 30-25 против Пик Сегед и остана во игра за пласман во осминафинале на Лигата на шампиони (ЛШ).

Пик Сегед тргна со серија од 4-1, но набрзо Загреб ја презема контролата врз натпреварот и замина на паузата со водство од 17-12.

Унгарскиот тим во продолжение на мечот се распадна на теренот, а Загреб ја зголемуваше предноста и на крајот триумфира со 30-25.

Најдобри во редовите на Загреб беа Чупиќ и Срна со шест голови, додека Дибиров постигна четири.

Загреб е претпоследен на табелата со осум бодови, односно еден помалку од Пик Сегед, ПСЖ и Колштад.