Червар среде пренос ја шокира Хрватска: Доста е - не можам повеќе!

Хрватската ракометна репрезентација се наоѓа на чекор од бездната на Светското првенство (СП) во Египет, откако по денешниот пораз од Аргентина (19-23) остана со само минимални шанси за пласман во четвртфиналната фаза, што беше нешто што ретко кој не очекуваше дека ќе се случи.

По неуспехот против „гаучосите“ дојде и нов шок среде директниот преносот, а тоа е најава од Лино Червар дека ќе си поднесе оставка по завршувањето на Мундијалот.

„Мислам дека е најдобро да дојде некој друг на моето место. Со огромен ангажман досега ја предводев репрезентацијата на 250 натпревари. Немам сили за повеќе. Оваа репрезентација е создавана 20 години да се бори за секоја топка, што не беше случај денеска за што јас ја преземам одговорноста. Жал ми е што си одам на ваков начин, но мојата одлука е дефинитивна. Потребен е нов човек“ изјави веднаш по средбата и среде пренос разочараниот Червар.

„Коцкестите“ сега се трети на табелата со пет бодови, по еден помалку од Аргентина и Данска, која има и натпревар помалку. На Хрватите во последното коло им треба победа над Данците, но и помош од Катар кој ќе мора да ја победи аргентинската репрезентација.