![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2017/11/23/4124-lino-hrvatite-kje-navivaat-za-makedonija-posebno-na-mechot-so-slovencite.jpg?itok=gM25aWcJ)
Червар не дојде на прес и само потврди дека веќе не му е гајле за Металург!
Управата на „металурзите“ пред средбата со новинарите информираа дека Хрватот, кој цела недела е на состанок на Стручниот совет во Загреб, вечерва ќе се врател во Скопје и утре ќе биде на клупата за дуелот со Португалците. Но, самото отсуство од сите тренинзи помеѓу дуелите со Бешикташ и со Спортинг во ситуација кога тимот уште нема победа во ЛШ делува само како потврда на приказната на „Вечерњи лист“ од пред неколку дена дека неговото време во Металург е завршено.
Според хрватските медиуми, Червар повеќе нема да го предводи тимот од Автокоманда, а дека нов тренер ќе биде Александар Јовиќ поради желбата да се посвети на репрезентацијата на Хрватска каде што е селектор. Тој до ноември би останал како советник во Металург, а потоа би кажал збогум и би се вратил во Загреб.