Божиќ-Павлетиќ: Одигравме перфектен меч!

Како ретко кога Еурофарм Пелистер нема на што да се пожали во еден европски натпревар, бидејќи се одеше перфектно против Татабања, до победа од 33-20.

Токму со тие зборови ја опиша средбата Јосип Божиќ-Павлетиќ, еден од новодојдените ракометари во Битола ова лето. 

„Ова беше тежок ден за цела Македонија, изразуваме сочувство. Одигравме перфектен меч, од почеток до крај бевме максимално концетрирани. Бевме одлично подготвени, ги знаевме и ги искористивме сите слабости на противникот. Мило ни што остваривме ваква победа за нашите навивачи“, рече хрватското десно крило.

Тренерот Жељко Бабиќ, едноставно, им се заблагодари на ракометарите за одиграното.

„Денеска ние одлично ги искористивме нивните проблеми, сиот замор и повредите со кои стигнаа овде. Истовремено сакам да им се заблагодарам намоите играчи за нивниот екстра труд, за фокусот, ангажманот во текот на неделата навистина беа на неверојатно ниво и секако дека мене како тренер ми е многу полесно. Имам игрчаи, кои се едноставно добри и победивме, можеби повеќе од што очекувавме. Меѓутоа во спортот е така. Им посакувам се најдобро на тренерот и играчите на Татабања“, додаде Бабиќ.

Е. Пелистер има пет бода, во моментов на првото место во групата Д, но Ним и Спортинг, кои сезад него со по четири допрва треба да ги одиграат своите натпревари во ова четврто коло.