Борозан и искасан од кучиња ќе стисне заби и ќе настапи вечерва против Порто!

Екипата на Вардар ќе има по малку неочекувано засилување за вечерашниот дуел против Порто (20.45 часот) од 3. коло во Европската лига, со оглед што во составот ќе биде и Вуко Борозан, кој пред неколку дена имаше бизарна ситуација во македонската престолнина.

Црногорскиот интернационалец додека ги шетал децата бил нападнат од кучиња-скитници, па во нивна одбрана бил искасан и заработил 13-14 конци на раката. Но, ниту тоа нема да го спречи да му помогне на својот тим, па ќе стисне заби и ќе проба да го даде својот максимум во дуелот со исклучително силниот португалски тим.

Тренерот Владо Недановски, пак, на оваа средба нема да може да смета на македонскиот репрезентативец, Марио Танковски, кој се повреди на еден од последните тренинзи и кој поради тоа не е во најавениот состав на црвено-црните.