За да не остане без уште една ѕвезда, Денвер направи договор од 133 милиони долари

НБА шампионот од 2023 година Денвер Нагетс ја заврши најважната работа пред почетокот на новата сезона откако го продолжи договорот со Ерон Гордон на уште четири години за 133 милиони долари.

Постоеше опасност крилниот центар да си замине од Колорадо и со тоа да се растури шампионскиот тим бидејќи во претходните 13 месеци си отидоа и други кошаркари, но менаџментот, сепак, не дозволи да се случи тоа. Гордон ќе ја искористи играчката опција за претстојната сезона и ќе заработи 22,8 милиони долари, а од идната, платата ќе му изнесува 36 милиони годишно.

Со тоа, Денвер ја осигура речиси цела стартна постава со големи договори бидејќи претходно на долгорочна верност се обврзаа и Никола Јокиќ, Мајкл Портер и Џамал Мареј.