Калин со пораз се врати на терените по долгата пауза

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски подолгата пауза од терените се врати со пораз на ИТФ М25 турнирот во Трнава.

Ивановски беше поразен од тенисерот од Словенија Филип Планинсек со 2-0 во сетови. Првиот сет Ивановски го загуби со 7-6 во тајбрејк, додека во вториот освои четири гема (6-4).

Пред денешниот меч Ивановски последните мечеви ги одигра лани во ноември месец на Челинџер турнирите во Јапонија, а најдобриот ранг го имаше кон средината на октомври 2023 година кога беше 305 место на АТП листата. Во овој момент се наоѓа на 928. позиција на АТП листата.

Пораз денеска запиша и Лина Ѓорческа која со 2-1 сетови загуби на турнирот во Шпанија од домашната натпреварувачка Франкуесес дел Валес.