Баерн доби одлична вест пред дербито во ЛШ

Денеска фудбалерите на Баерн добија добра вест, Џамал Мусиала ќе биде спремен за настап против Барселона.

Германецот беше надвор од тимот од поразот од Астон Вила на почетокот на месецот, но се опорави и се врати во тимот.

Сепак извесно е дека ќе го започне натпреварот од клупата бидејќи во прашање беше повреда на мускулот и дури во понеделникот започна да тренира со полн итезитет.

Информацијата за Мусиала ја потврди спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.

„Тој е со екипата во овој важен момент. Ќе виддиме колку ќе биде спремен да игра“, изјави Фројнд.

Околу неговата минутажа одлуката тренерот Компани би требало да ја донесе непосредно пред почетокот на натпреварот.