Стартува новата сезона во НБА: Бранителот на тронот прв фаворит
Во 79. сезона во историјата трофејот ќе го брани екипата на Бостон која во минатогодишното финале славеше победа до 4-1. Во паузата немаше посебно големи бомбастични трејдови, па во најголем дел екипите си ги задржаа најголемите ѕвезди.
Фаворит за шампионскиот прстен е окму Бостон, а потоа следуваат Оклахома, Денвер, Њујорк и Филаделфија. Помеѓу кошаркарите и оваа сезона се очекува да гледаме одлични изданија на Никола Јокиќ, но тука секако е Лука Дончиќ со Далас кои се рангирани на седмата позиција на листата фаворити.
Трофејот МВП минатата година го освои Јокиќ, па пред почетокот повторно е главен фаворит во оваа конкуренција. Регуларниот дел носи 82 кола, а потоа на 20 април стартува плеј-офот.
Првиот меч од програмата вечерва го игра бранителот на трофејот Бостон против Њујорк од 1:30 часот, додека во 04:00 часот стартува пресметката помеѓу Лејкерс и Минесота.