Ѓорческа неочекувано загуби на стартот од фјучерс-турнирот во Шпанија!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчевска, уште на стартот го заврши настапот на силниот фјучерс-турнир во Франкуесес дел Валес во Шпанија, откако загуби во првото коло во дуелот против Французинката Нахиа Берекоeчеа (4-6, 6-1, 2-6).

Нашата претставничка играше против далеку полошо рангирана противничка, која подобро се снајде на тврдата подлога. Македонката доминираше во вториот сет по неизвесниот прв сет во кој прва направи брејк, но неочекувано падна на крајот и со наведната глава го напушти теренот.

Турнирот во Шпанија се игра за награден фонд од 100.000 долари.